2win800x200

Битола-Ќе се поставуваат пешачки семафори кај „Епинал“ и пред Камен Мост на Широк Сокак

Јули 06, 2024

Пешачки семафори ќе се поставуваат на сообраќајните премини кај „Епинал“ и кај Камен Мост на Широк Сокак, најавија од Општина Битола на Комисијата за јавни и комунални дејност при Советот на Општина Битола.

Пешачките семафори се поставуваат заради регулирање на сообраќајот на двете најфрекветни улици кои го сечат Широк Сокак како пешачка зона. Семафорите ќе бидат опфатени со парцијална сообраќајна студија, која подоцна ќе се вклопи во градската сообраќајна студија која се изготвува за градот. 

Ова лето заради затворање и изведување на градежни работи на Партизанска и „Иван Милутиновиќ“, по летниот распуст на учениците не се затвори улицата кај хотелот „Епинал“, туку е отворена за сообраќај.

комисија

Општина Битола веќе најави дека паркингот пред Центарот за култура ќе биде пешачка зона. 

-Ги изработуваме проектите за смирување на сообраќајот во централното градско подрачје, од таа причина пешачка зона ќе стане плоштадот „Гоце Делчев“. Улицата „Димитар Илиевски Муратот„ ќе остане со ист статус како и досега, но ќе се постават пешачки семафори на потегот кај „Епинал“ и „Солунска“ кај Камен Мост и проценките на стручните лица се дека со тоа ќе се зголеми и безбедноста и ефективноста во сообраќајот, рече Борче Димитровски, секретар на Општина Битола. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани