2win800x200

Двајца врвни лекари загинаа утрово во сообраќајката кај Прилеп

Октомври 03, 2024

Двајца врвни лекари од приватната болница „Плодност“ Битола, загинаа утрово во сообраќајката кај индустриската зона во Прилеп на пат за Битола. Загинаа примариус доктор Александар Ристески, радиолог и гинекологот д-р Никола Василески. Животот го загуби и Фанче Јованоска рендген техничар  во болницата, сите од Прилеп, дознава АПЛА.МК . 

 

Официјално СВР Битола соопшти дека - На 03.10.2024 во 07.51 часот во СВР Битола било пријавено дека на патот Прилеп - Битола кај клучката Лагово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „тојота" со прилепски регистарски ознаки управувано од Н.В.(42) од Прилеп и сопатници А.Р и Ф.Ј., сите од Прилеп и товарно возило „волво" со скопски регистарски ознаки управувано од Г.Р.(51) од Битола . Во несреќата патничкото возило се запалило и на лице место починале тројцата патници во истото. Смртта ја констатирал лекар од Итна медицинска помош Прилеп . Увидот го врши јавен обвинител и полициски службеници од ОВР Прилеп . Од 08.00 часот сообраќајот на патот А3 Прилеп- Битола кај с. Лагово е затворен за сообраќај во двата правци.

Фанче

Фанче Јованоска рендген техничар  во болницата

 

D r Nikola Vasileski

гинекологот д-р Никола Василески

 

Prim. D r Aleksandar Ristevski

примариус доктор Александар Ристески, радиолог

 

А.Б 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани