НУ „Завод и музеј“-Битола ќе ги одбележи Европските денови на културно наследство 2018 со јавна трибина со наслов „Грижата за Хераклеја Линкестис денес, гаранција за утре“ која ќе се одржи на 2 октомври (вторник) во малата сала на битолскиот Завод и музеј со почеток во 12 часот.
Археолошкиот локалитет Хераклеја Линкестис, во јуни Владата на РМ го прогласи за културно наследство од особено значење, во поткатегорија големо значење. Ова е прв локалитет во Македонија каде е извршена ревалоризација на споменичната целина, а сега спроведена е и неговата категоризација, согласно Законот за заштита на културното наследство, со што локалитетот и неговото пошироко опкружување добиваат повисок режим на заштита.
Токму на оваа тема на утрешната трибниа ќе дебатираат, Аница Ѓеорѓиева и Енгин Насух, археолози во НУ Завод и музеј-Битола, како и претсавникот од Управата за културно наследсво Данче Голубовска.