2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Во градот на клавирите нема кој да го спонзорира натпреварот по пијано на „Интерфест“

Октомври 02, 2018

Меѓу многуте епитети со кои се гордеат битолчани за Битола е и  град на клавирите, но нема бизнисмени и фирми што сакаат да го финансираат пијано натпреварот што се одржува во рамките на фестивалот на класична музика „Интерфетс“.

Брачниот пар Милица и Кирил Рибарски, со голем ентузијазам и упорност и  годинава по 27 пат го организиараат фестивалот, но велат дека секоја година се соочуваат со истиот проблем - недостиг на финасии. Сепак, и покрај проблемите, фестивалот „Интерфетс“ го задржува нивото, а публиката ќе има можност да присуствува на концерти на светски познати и признати уметници. Министерството за култура за „Интерфест“ издвојува 27.000 евра, општина Битола нешто повеќе од 4000 евра, а Трифун Костовски, обезбедува 1000 евра за пијанистот што ќе го освоие првото место на 9-от пијано натпревар, на кој ќе учествуваат 35 натпреварувачи.

-Моментално имаме најголем проблем со натпреварот за пијано зашто никој не сака да го поддржи. Навистина жално е што, пијано натпреварот за дипломирани пијанисти е единствен во Македонија, а не е воопшто поддржан од никого. Постои оспасност да се прекине, а годинава се одржува со наш ентузијазам“, рече уметничкиот директор Милица Шперовиќ-Рибарски, која вели дека се уште Битола ја доживува како град на клавирите.

- Во градот има Музичко училиште со исклучително добри професори пијанисти, од каде излегуваат силни музички генераци. Пијанистичката школа во Битола е на исклучително високо ниво. Кога се ќе се појават сите учесници од целиот свет на натпреварот по пијано, битолските пијанисти се на речиси исто рамниште со бугарските, што е исклучителен успех ако се има предви дека буграската пијанситичка школа е извонредна, вели Шперовиќ-Рибарски.

„Интерфест“ започнува вечерва во 20 часот во Центарот за култура со настапот на виолинистката од Казахстан Ајман Мусакаџајева и Македонската филхармонија. Од денес до 12 октомври во Битола ќе се одржат 15 концерти на светски познати музичари во класична музика, а само вечерашниот концерт чини околу 10.000 евра, додека хонорарите на некоу уметници се и по 4000 евра.

- Ако спонзори од Битола го помагаат Охридско лето кое е фестивал со реноме 58 години, за нашиот фестивал никогаш не можеме да добием некоја помош и имаме финансиски проблеми. Јас дури се заморив од овие проблеми“, рече директорот на фестивалот Кирил Рибарски.

interfest2

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани