2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

ЗАМИНА ЗАШТИТНИКОТ НА ЦРКОВНИТЕ СПОМЕНИЦИ ВО БИТОЛСКО

Декември 24, 2018

Ненадејно денеска почина Ристо Палигора, советник конзерватор во Завод и музеј –Битола. Палигора е роден во 1961 година во Битола и е познат експерт во државата од областа на конзервацијата и историјата на уметност. Тој учествуваше во конзервацијата на поголем дел од верските објекти во Битола и Битолско и се залагаше за поголема заштита на историско-културното богатство во овој регион. Автор е на повеќе стручни книги и литература посветени на заштитата на културното наследство.

 

Последно, Палигора  беше вклучен во изработка на проектот  за заштита на црквата „Св Ѓорги“ во селото Курбиново, Преспа . Сон на Палигора беше да се заштити и реставрира овој верски објект кој  е црковен бисер од 12 век и бесценет црковно-историски споменик. 

Зад себе остави огромно дело. Скоро и да немаше проект за рестраварација и конзервација на ѕидното сликарство и архитектурата на цркви и манастири во Пелагонискиот и Преспанскиот регион во кои не беше вклучен. Беше еден од најголемите истражувачи на историјата на храмовите и делото на зографите. Експерт достапен за медиумите кој јавно зборуваше за проблемите од областа на заштитата на спомениците. Елоквентен во излагањата, со широк дијапазон на знаење, со голема љубов зборуваше за храмовите и фрескоживописите. Од негови от глас можеше да се прочита доволно за убавината на некои дела, не мораа ни да се погледнат. Ја сакаше Битола, Маловишта и селата со стари црковни храмови, а неговите истражувања секогаш даваа инфомарација плус за славните времиња на овие краишта. Беше голем пријател со новинарите, секогаш достапен за информации и расположен за изјави. Беше сигурен во кажаното зашто зад него стоеја многу години минати со теренска работа. 

Тој пред две недели на трибина во Ресен јавно критикуваше за состојбите со „Св. Ѓорги“ во Курбиново, црковен бисер од 12 век. Тој рече дека има застој во работите на терен бидејќи проектот што тие како Музеј го изработиле е доста обемен, но Комисијата за контрола нашла забелешки. Критикуваше и дека не се извојуваат доволно пари за црквата.

Јавноста го памети и како учесник во сложен конзерваторски потфат во кој беше спасено ѕидното сликарство од опожарената црква „Св Петка“ во село Долно Егри, како и фреските и иконите од старата црква „Св. Димитрија“ во село Долно Чарлија во Битолско. Беше спасено целосно ѕидното сликарство над 250 метри квадратни и иконите од иконостасот.

Палигора водеше долгогодишна битка за да се извдојат пари за реставрација на бисерот на сакралната архитектура од 19 век, црквата „Свето Преображение„ во село Гопеш. Ова е најголемиот верски храм изграден во поширокиот Битолски Регион, а фрескоживописот е уникатно дело на мијачкиот зограф Јосиф Радев, ученик на познатиот Дичо Зограф. Храмот имаше големи оштетувања на ѕидовите, куполите и одвојување на фрескоживописот од полукружниот свод.

Беше неуморен чувар на галеријата икони Маловишта, каде има дела од Дичо Зограф, Трпу Зограф, Јован Зоград, Михајло од Самринаи други знајачни автори.

Ја користуваше секоја можност да алармира за лошата состојба на црковните споменици од 10 до 19 век во Битолско.

-Врз основа на нашите искуства кои ги стекнавме со теренските истражувања кои редовно ги правиме, може да се каже дека состојбата на многу значајни споменици на културата кои се датираат од 10 до 19 век е во аларматнио лоша состојба. Постојат селски населби со значајни црковни споменици кои немаат постојано жители, па црквите се изложени на пропаѓање и кражби. Еден голем дел од фрескосликарството и иконописното наследство е посебно загрозено од поради лошите микроклиматски услови во тие објекти“, велеше Палигора.

Беше автор на голем број дела постевени на уникатноста и заштитата на култуното наследство, а последната книга ја објави еден месец пред да почини, беше посветена на Влашката црква во Битола.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани