2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Младите битолски куглари куглаа со познати лица

Декември 26, 2018

Крајот од проектот „Кугламе и сме среќни“ кој во Битола траеше четири месеци, предновогодишно свечено беше прославен со ревијален натпревар во Битолската куглана во присуство на гости, познати лица, поддржувачи, новинари, спонзори кои заедно куглаа со младите битолски куглари во осум  тимови.

 

Гости ни беа: Димитар Андоновски (естрада), Никола Чобановски (Аеро кафе), Радојка Димитrijeska (SN финансии), Горан Упале (gol.mk), Наташа Петровска (Градоначлник на Битола), Нико Берберу (Витаминка), Марјан Ѓорѓиевски (актер и стендап комичар), Славчо Ристески (РС Боби), Весна Божиловиќ (tvb.mk), Сашо Ристевски (bitolanews.mk)

Иако ревијално, најдобар резултат постигна тимот каде што беше Градоначалничката, а истата со одлично прикажаната игра, што беше и пријатно изненадување за бројната публика, видно придонесе на својата екипа за победата.

По завршувањето се сечеше торта, а сите куглари добија поклон ранче со прикладни поклони во него, донација од стручниот консултант Јован Керечеки од Суботица, Србија. 

„Ова беше уште еден од низата на незаборавни моменти во Битолската куглана и согледувајќи ја оваа енергија, решивме како организатори да го продолжиме уште еден месец овој проект, се со цел нашите одбрани куглари да продолжат да куглаат и да го живеат мотото ‘Кугламе и сме среќни’“, велат организаторите на проектот.48395192 370332396861259 8162646192849682432 n

48416288 226061628316099 776011048909012992 n

48969025 2335871786647287 535483985455742976 n

DSC 4471

DSC 4481

DSC 4492

DSC 4493

DSC 4503

DSC 4509

DSC 4512

DSC 4506

DSC 4544

DSC 4567

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани