АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
По улиците од прв приоритет во централното градско подрачје продолжува крпењето на ударните дупки настанати поради поларните температури и мразеви во изминатиот период , а ЈКП „Нискоградба“ ја следи временската прогноза на УХМР и се подготвува за справување со евентуално нови врнежи од снег.
-Имаме доволно количини на ризла и сол за да се справиме со новиот снег кои метеоролозите го прогнозираат за утре навечер и четврток во раните утрински часови, вели Методиј Силјановски директор на ЈКП „Нискоградба„ –Битола.
Зимава на улиците низ градот се фрлени 360 тони сол и исто толку кубни метри ризла.
Во исто време „Нискоградба“ продолжува со крпење на ударните дупки на улиците со ладна асфалтна маса и ситна камена коцка се до почетокот на производство на топла асфалтна маса од базите од Битола, наведува Силјановски.