АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Либералдемократите Александар Касапов и Методиј Силјановски се новите директори на јавните претпријатија „Пазари“ и „Нискоградба“. Касапов и е добро познат на јавноста по неговото учество во претходниот состав на Советот како остар критичар на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ и ексградоначалникот Владимир Талески. Силјановски е вработен долги години во “Нискоградба“ и одлично ги познава состојбите во ова јавно претпријатие.
Градоначалничката Наташа Петровска денеска им ги врачи решенијата за челните позиции во овие две претпријатија кои се под капата на општината.
ЛДП –Битола доби клучни места во управувањето на новата локална самоуправа. После назначувањето на Валентин Груевски за претседател на Советот на Општина Битола, ЛДП доби и директорски места во основните и средните училишта во градот.