АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Во Младински културен центар- Битола, утре од 19.00 часот, битолчани ќе имаат можност да ја погледнат патувачката изложба под наслов „Уште што друго сум освен што сум канцер на општеството“ на уметницата Дороти Пачкова.
Визијата на проектот е да влијае на културните ставови и да ги трансформира стереотипите. Феминистичката уметност, како овој проект, отвара можности и сфери кои порано не постоеја, посебно отварајќи простор за активистичката уметност и нудејќи можности за разрешување на проблемите со женскиот идентитет, преку интердисциплинарен пристап.
Главната цел на овој мал, патувачки проект е да направи “game change” во перцепцијата и самопепрцепцијата на и за жените, посебно за жените сингл мајки.
Проектот го формираат концептуални фотографии, петнаесетина, на жена, во сите различни сценарија кој се дел од нејзиното секојдневие.
Фотографиите ќе референцираат на првите феминистички фотографии, но во современ контекст и преку перспектива на сингл мајчинство. Фотографиите се свесно доведени до радикална асиметрија на нагласување на успешноста на жената, токму поради потребата да се излезе од дисфункционалниот, наметнат, директно и индиректно, матрикс.
Дел од изложбите беа поставени во државни галерии и музеи, дел во јавен простор а дел во приватен имот, со цел да се нагласи идејата дека местото на жената е каде таа ќе одлучи и ако сака - секаде, и во приватната и во јавната и културната сфера.