2win800x200

Министерството за култура ќе финансира пет проекти на Народниот театар од Битола

Февруари 08, 2019

Четири претстави на Народниот театар од Битола и 7-от Меѓународен фестивал „Битола Шекспир фестивал“ годинава ќе бидат поддржани од Министерсвото за култура, проекти од драмкска дејност за национални установи.

За „Битола Шекспир фестивал“ одобрени се 1,4 милини денари наместо бараните 4 милиони.

Од претставите најмногу пари добива „И коњите ги убиваат зарем не?“ адаптација на истоимениот роман на Хорас МекКој, во режија на Мартин Кочовски,која ќе ниде финансирана со 1,2 милиони денари.

По еден милион денари одобрени се за претставите „Жени во народно собрание“ од Аристофан, во режија на Срѓан Јаниќијевиќ и „Разбојници“ од Фридрих Шилер, а ќе ја режира Игор Вук Торбица.

За „Август во округот Осејџ“ на авторот Трејси Ледс, а во режија на Драгана Милошевски Попова, Народниот театар од Битола ќе добие 900 илјади денари.

Пари од државата ќе добие и Здружението „Детски театар“ од Битола за организирање на Интернационалниот детски театарски фестивал „Битолино“, кој е поддржан со 150 илјади денари.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани