АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Училиштата оваа сабота ги одработија часовите за кои беа ослободени поради високото аерозагадување во зимата. Учениците од ОУ „Коле Канински“ наместо на час, излегоа да го исчистат ѓубрето во околината на училиштето и порачаа, „доколку еднаш во неделата се организираат вакви акции ќе имаме почиста животна средина, а истот така ќе им помогнема на надлежните кои не можат да исчистат толку колку што луѓето можат да извалкаат.“
-На кафе пауза денеска наставниците и директорите ја предложивме иницијативата, која се реализираше спонтано за време на наставата во траење од еден час. Ова е добра можност да се подига еколошката свест кај најмладите, а на овој начин, кога ќе вложат труд и самите ќе бидат повеќе грижливи да не ја загадуваат околината, рече за апла.мк помошник директорот во ОУ „Коле Канински“, Жаклина Наумовска.