АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Античките локалитетити Хераклеја Линкестис и Пела во Македонија и Грција, но и уште многу други места, ќе се најдат во заедничка понуда со туристички актрактивни дестинации во пограничниот регион, што е дел од проектот I TOUR за зголемување на можностите за развој на туризмот преку искористување на веќе постоечките ресурси.
Носител е Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион, кој се спроведува преку ИПА програмата на ЕУ, заедно со уште 4 партенри од Македонија и Грција
-Целта на проектот е дефинирање на проблемите и недостатоците меѓу двете држави. Немаме заеднички туристички призвод и има недоволна искористеност на постоечките потенцијали кои што ги имаат овие два региони. Конкретно за проектот тоа е промоција и зголемување на атрактивноста на меѓуграничниот регион Битола-Лерин-Солун. Ќе се изработат три готови туристички понуди, кои ќе ги прмовираме на меѓуародни туроператори, медиуми и саеми за потоа да изработиме готов туристички производ. Тоа нема сами да го работиме, во буџетото се предвидени пари за екпсерти, а наши партнери се Факултетот за туризам од Охрид и Универзитетот Аристотелис од Солун . Тие веќе имаат направено мапирање на потенцијалните туристички атрактивни места врз основа на што експертите кои имаат големо искуство во оваа област ќе ги изработуваат турите и ќе бидат опфатени сите можни области, рече Гого Видимче, директор на ЦРППР.
На денешната конференција што се одржа меѓу партнерите во Битола, заменик министерот за локлана самоуправа Дејан Павлески рече дека проектот I TOUR значи промоција на развојот на туриfзмот во Пелагонискиот регион и регионите Лерин и Солун во Грција.
-Овој проект е финансиран со 760 илјади евра, од кои 630 илјади евра се од ЕУ, а останатите се кофинансирани од буџетот на нашата држава. До 2020 година преку ИПА компонентата имаме на располагање вкупно 45 милиони евра, а од оваа компонентаа за прекуграничната сорбатка ќе биде финансирано и отворањето на граничниот премин Маркова нога во Преспа . Владата посветено работи за што е можно повеќе да се искористат можностите што ни ги нуди ЕУ преку овие програми, рече заменик министерот Павлески.
Грчките артенри од Универзитетот Аристотелис во Солун се задоволни од досегашната динамика со која се одвива проектот.
-Имаме одлична соработка со нашите партнери, имаме одличен проектен тим и идеи. Досега заедно работевме на бизнис план и заеднички стратегии за тоа како да направиме просперитет и до го користием она што е заедничко на Преспанското езеро. Работиме на двете страни, засега сме во втора фаза и напредуваме одлично. Продолжуваме понатаму со проектот, рече Јоанис Тампакаудис, асистент професор на Факултетот за бизнис администрација, на Универзитетот Аристотелис во Солун.