АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Широк Сокак вечерва беше полн енергија, детски насмевки, медали и дипломи. По 58 –ми пат в очи прославата за ослободувањето на Битола се одржа традиционалната ноќна атлетска трка.
На неа учествуваа над 1200 ученици од Битола во повеќе категории. На најуспешните медалите и благодарниците им ги врачи Ѓуро Илиќ, преставник од Општина Битола. Пред присустните се обрати градоначалничката Наташа Петровска.
- Нема поубаво нешто од над 1200 млади луѓе да го покажат својот спортски дух и на тој начин да ни дадат радост во нашите срца за нашиот празник 4 –ти Ноември . По 58 пат традиционално се одржува оваа трка, која е најстара во земјава- рече Петровска.