2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Кугларски турнир в очи 4-ти Ноември

Ноември 03, 2017

Во кугланата во спортската сала „Младост“, вчера заврши градското првенство во куглање во организација на Кугларскиот клуб „Хераклеа“ од Битола. Турнирот за првпат е дел од четвртоноемвриската програма на општината, а на доделувањето на наградите присуствуваа градоначалничката на општина Битола м-р Наташа Петровска, пратеникот Васко Ковачевски, претседателот на Советот на општина Битола, Валентин Груевски, како и советниците Методија Илиевски, Борче Корлевски, Тони Коњановски и Иван Чулаковски.

 

За првак на Битола во куглање беше прогласен Александар Јовановиќ, второпласиран е Пецо Димовски, а на трето место е Цане Колев. На турнирот учествуваа дваесет натпреварувачи, меѓу кои и две жени.

Наградите на првите три пласирани им ги додели градоначалничката на општина Битола, м-р Наташа Петровска, која во своето обраќање нагласи дека, чекор по чекор, континуирано ќе работи во насока на реализација на предизборното ветување за изградба на мултинаменски спортски комплекс, кој е од големо значење за сите битолчани, а пред се за вљубениците во спортотturnir

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани