Webp.net gifmaker

Доделени наградите „4-ти Ноември“

Ноември 04, 2017

На пригодната свеченост во Народниот театар во Битола по повод Денот на ослободувањето беа доделени општинските награди „4-ти Ноември“.

Наградата за животно дело Ѓуро Илиќ, претставник на Општината, му ја врачи на професорот во пензија Трајко Огненовски,  научник и лингвист , доктор на филолошки науки , автор на многу публикувани дела од лингвистички, историски, етнолошки и фолклористички карактер.

 

Едногодишните признанија завршија во рацете на докторот Васо Радивојевиќ, уметникот Драган Најденовски и хуманитарката Менка Николовска.

Доктор Васо Радивијевиќ, вработен во битолската болница, беше награден заради постигнување од областа на здравствената заштита , воведување најнови иновации при лекување и спасување на животите кај ургентно болни пацинети, поконкретно методата за безболно давање инјекции и инфузии во коска. Овој  метод го применил за првпат со успех на Балканот и кај родилка со успешно породување.

Драган Најденовски, самостоен ликовен уметник беше награден заради огромната ангажираност на полето на ликовниот живот во Битола. Во последната година со своите дела учествувал на 17 ликовни изложби и реномирани ликовни колонии.

Менка Николовска пак, ја освои наградата за хуманоста и филантропијата. Таа има направено повеќе хумани дела, донација на аудио библиотека при Универзитетската библиотека „Св. Климент Охридски“ во Битола, донација за изградаба на мостот Свети Ѓорија во населбата Генимале, донација во затворот во Битола, во домот за страи лица и други хуманитарни дела.

Едногодишните признанија се состојат од диплома и парична награда во износ од 15 000 денари, а наградата за животно дело плакета, диплома и 60 000 денари. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани