2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Битолчани од центарот на градот бараат спас од новото јавно претпријатие за хаосот со паркирањето

Април 30, 2019

Жителите од неколку локации во градот бараат од Општина Битола, откако ќе започне со работа новото јавно претпријатие за паркизни, да ја преземе обврската за средување на хаосот со паркирани возила во улиците кои не се опфатени со зонско паркирање.

Денеска станарите од зградите во Стара болница на средба со претставници од Општина Битола им укажаа на проблемите со кои секојдневно се соочуваат на паркингот и побараа да се прошири опфатот на зонско паркирање во кое ќе се вклучи и овој паркинг. Иако постои сообраќаен знак дека просторот е наменет за паркирање на станарите од станбените згради, сепак никој не го почитува, а паркирани возила има и на тротоарите.

58916946 329341054448262 756673727457918976 n

-Овде е секојдневен хаос, автомобили паркираат граѓани кои работата во близина, кои завршуваат некакви обврски во центарот на градот, кои пијат кафе на Широк Сокак, па за станарите од зградите речиси никогаш нема место. Бараме да се регулира паркирањето, поминати се сите фази, изработен е и елаборат, ги имаме сите документи, потребно оваа одлука да се усвои од Советот на Општината, велат станарите

58895156 600426680452458 4449852260599463936 n

Во рагзоворите со претставниците на Општина Битола посочија дека остават надлежните да изнајдат начин како ќе се регулира паркирањето на овој паркинг во центарот на градот, а сопствениците на возила се подготвени да плаќаат утврден месечен износ за паркинг место, кој е 200 денари за едно возило.

58654734 293570431568958 1439122942502895616 n

-Можни се две варијанти за решение на проблемот. Едната е со поставување на рампи за влез и излез на возила, со тоа што за жителите кои ќе плаќаат месечен надомест постојано ќе има слободен паркинг, а доколку останат слободни места тогаш со нив нека стопанисува јавното претпријатие. Другата варијанта е со налепници за резидентни паркиралишта, но како ќе се регулира оставаме на надлежните, велат станарите.

Жителите од улицата „Лазо Трпоски“ која го спојува Широк Сокак со улицата “Добривоје Радосављвиќ“, бараат овој крак да биде пешачка зона, а возила да можат да паркираат само граѓаните кои живеат овде. Велат дека водат секојдневна битка со паркирани возила на улицата и троторарите, па често пати е проблем да влезат и излезат во своите домови, но се случило овде во оваа улица да не може да влезе и да интервенира противпожарно возило.

58761618 1848528611919700 4318096914659672064 n

-Улицата секогаш е преполна со паркирани возила на тротоарите од двете страни, кои го стеснуваат коловозот. Поставивме и столбови, но сега автомобилите ги паркираат на коловозот, а некаде пак ги урнаа и столпчињата. Бараме да се реши хаосот со паркирањето, а ние се согласуваме да плаќаме месечна карта за паркирање на нашите возила, велат жителите од „Лазо Трпоски“.

58662308 743533532715189 6872642393150062592 n

Претставницте од општина Битола ветија дека овие реални проблеми со кои се соочуваат граѓаните кои живеат на улици што не се опфатени со зонското паркирање, ќе бидат земени предвид со преземањето на надлежноста за паркинзите на новото јавно претпријатие.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани