2win800x200

После 40 години нивите во Лисолајско поле ќе се наводнуваат

Мај 03, 2019

После 40 години Јавното претпријатие „Стрежево“ денес за првпат ќе започне со испорака на технолошка вода за наводнување на земјоделски површини во с.Лисолај. На земјоделските површини е инсталирано полиетиленско црево (Ø225) со должина од 880м во ров со пропратна хидромеханичка опрема. Инвестицијата е од сопствени извори  на претпријатието во висина од околу 2. 000 000 денари.

 

mende 2

Со проширувањето на хидросистемот „Стрежево“ во овој дел има можност да се наводнуваат околу 40 хектари плодна земјоделска површина.

Реализизацијата на овој проект ќе резултира со голем бенефит за земјоделците кои како производители на разни земјоделски култури ќе имаат можност за планирање и зголемување на нивното производство, како и голем придонес во подобрувањето на квалитетот на земјоделските производи.

-Јавното претпријатие „Стрежево“ не застанува тука. Целта на изработувањето и реализацијата на вакви проекти за проширување на хидросистемот за наводнување е да ги опфати сите земјоделски површини кои не се под хидросистемот и да зафати опсег на сите ниви од Пелагонискиот регион. Во нареден период ќе биде испорачана вода во атарот на селата Породин, Секирани, Габалавци и во село Кукуречани. Испораката на стрежевската технолошка вода ќе биде и преку реката Шемница и Црна река до земјоделските површини на општините Могила и Новаци, вели директорот на ЈП „Стрежево“, Менде Граматковски.

Цел е технолошката вода да биде испорачана до секоја земјоделска површина од Пелагонија.

mende 3

mende 4

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани