АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Лошото време пропратено со студ, магла и дожд не ги поколеба планинарите од Полициско- спортскиот планинарски клуб „7-ми Мај“ да го изодат осмиот традиционален планинарски марш „Смилево 2019“. Движејќи се по патеките по кои некогаш и војводите со комитите пристигнале во Смилево на познатиот Смилевски конгрес во 103 година, планинарите го одбележаа 7-ми мај, Денот на полицијата.
Четириесетина планинари, од кои дел работниот век го минуваат или го поминале во полиција пеш изодеа 18 километри на релација Битола, превој Ѓавато, планински врв Пирамида па се до село Смилево.
Од страна на организаторот обезбеден им е ручек во село Смилево.
Седми мај се слави како Ден на полицијата зашто на овој ден на Смилевскиот конгрес во 1903 година биле формирани и првите полициски чети за обезбедување конгресот.
.