АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Од 24.04.-01.05.2019 година, Невладината организација „СФЕРА Македонија“, со свои претставници беше учесник на младинска размена поддржана од Erasmus +, во Вели Лошињ - Хрватска. 13 ученици од Битола, заедно со професорките Јасмина Василевска и Емилија Прчкова, беа дел од активностите од проектот “Living sustainably“, заедно со млади од Словенија, Унгарија и Хрватска.
Проектот опфати работилници, презентации, дебати и практични изведби на терен, реализирани со одлична комуникација и многу дружење помеѓу учесниците. Целта на проектот беше да се подигне еколошката свест кај младите, но и да се запознаат со нови култури, да станат свесни за општествено важни теми и да ги зајакнат сопствените човечки вредности.