АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
За првпат на меморијален споменик испишани се имиња на Македонци кои биле мобилизирани во туѓи војски за време на Првата светска војна и загинале на Македонскиот фронт. Станува збор за 32 имиња на Македонци изгравирани на Споменикот на Првата светска војна во Градина на мирот во Коломбел, Франција.
Меѓу нив е и името на војникот Петко Лисковски од село Добрушево на чиј гроб пишува дека служел во три војски и тоа, турска, српска и бугарска. Досега имињата на Македонците кои биле мобилизирани на фронтот најчесто се премолчуваа или не ретко беа запишувани како бугарски или српски војници бидејќи се бореле во нивните восјки. Во тој период не постоеле македонска држава, па овдешното население било мобилизирано од други војски.
99 годишнината од Денот на примирјето од Првата светска војна годинава се одбележува во спомен за загинатите борци, но и на страдањата на цивилното население на местата каде се протегале фронтовите. По тој повод деновиве во Коломбел во Франција беше открен Споменикот на Првата светска војна на кои се испишани имињата на загинатите од општините Штајнхем (Германија), Коломбел (Франција), Новаци (Македонија) и Корнака (Нигер).
Градоначалниците на овие четири општини, меѓу кои и новачкиот Љубе Кузманоски присуствуваа на церемонијата во Градината на мирот. Тие ја изразија својата желба да го разгледаат минатото и загубите поврзани со конфликтите, за да им понудат на младите луѓе нов одраз на човештвото.
„ Овој споменик е само потсетник на разорните последици кои ги оставаат војните, затоа во иднина нека послужи како пример тоа да не се повтори. Настанот беше во знак на помирувањето и нашата понатамошна соработка со останатите три општини, на размена на искуства и знаења и вложување во иднината на нашите деца“, рече Љубе Кузманоски , градоначалник на општина Новаци