АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Средномесечните концентрации на ПМ 10 честичките во Битола во јули биле под максимално дозволените граници од 40 микрограми на метар кубен, но, загрижуваат податоците за средномесечните концентрации за ПМ 2,5 честички кои на сите локации каде има мерни станици во градот се движеле над просечно пропишаните 10 микрограми на метар кубен.
Ова е дел од Извештајот за квалитетот на амбиенталниот воздух во Битола објавен од платформата „Земи здив“ со податоци генерирани од Airly инсталираната сензорска мрежа за следење на квалитетот на амбиенталниот воздух во Битола и околината за месец јули
Таа врши мерење со осум сертифицирани мерни станици на Широк Сокак, Бадембалари, Областа, Јени Мале, Баир, Дрвен Пазар, Декорпод и Новачки пат
Во овој извештај за јули, Декорпод, Бадембалари и Новачки пат се реони со највисоки вредности на средномесечните концентрации во однос на останатите локации
И во објавенит извештај за јуни, средномесечните концентрации на ПМ 10 честичките биле под максимално дозволените граници, а пак ПМ 2,5 честичките во овој месец на Широк Сокак се движат до пропишаните 10мг/м3. Реонот на Бадембалари повторно е со највиоски вредности.
Мерните станици на Министерството за животна средина Битола 1 и Битола 2 не работата од 18 март, односно од 16 јуни оваа година, поради дефект на мерните инструменти. Тоа е причина што во извештајот на „Земи здив“ нема споредбена анализа на податоците од државните мерни станици со податоците од сензорската мрежа на платформата која ја сочинуваат граѓанските здруженија Центар за европски развој и интеграција, Сфера Македонија, Геосфера, Јасмин и Младинската асоцијација ИМКА