2win800x200

Во среда првиот натпревар од СЕХА лигата во Битола

Септември 02, 2019

Во среда со почеток од 20, 45 часот РК „Еурофарм Работник“ во спортската сала во Битола го игра првиот натпревар со СЕХА лигата на кој ќе се соочи со рускиот преставник „Спартак“ од Москва. Со ова, како што најави тренерот Стевче Алушовски, во Битола по 15 години повторно се врќаат кавлитетните натпревари од СЕХА Лигата и Лигата на шампионите. Од Лигата на шампионите натреварите почнуваат на 15 септември. 

 

„Подготвени го дочекуваме првиот натпревар што значи отворање на сезоната во среда против тимот на ‘Спартак’ Москва. Таа е сериозна екипа претставник од највисокиот ранг на рускиот ракомет, екипа во која играат за нас добро познатите Деревен, Ковалев кои се актуелни репрезентативцви на Руската репрезентација. Еден тежок меч очекувам, во кој како домаќини ќе направиме сѐ да ја извдвојуваме првата победа и да го почнеме ова натпреварување со победа“, рече тренерот Алушовски.

Сепак, тој посочи дека имаат мали проблеми на стартот зашто неколку играчи се жалат на повреди, меѓу кои и голманот Митревски, Куковски уште неколку други. Но, нагласи дека “Без секого ќе мораме и без секого може оваа сезона зашто нѐ очекуваат 20 натпревари во краток период“’. Воедно ракометарот Танковски од „Металург“не успеа да го ангажираат, а Ратајац има потешка повреда и нема да биде дел од првата полусезона.

„Мои очекувања се да бидеме барем четврти во СЕХА лигата. На пролет вкуртување со петтиот од другата група. Што се однесува до Лигата на шампионите, во секој натпревар ќе одиме за победа, па ако тоа е доволно на крај да биде втори, се најоптимистички очекувања. Сепак секоја наше победа е голем успех за нашиот клуб и за македонскиот ракомет. Секој напревар ќе биде празник на ракометот во Битола“, додаде Алушовски.

Капитенот на клубот Гоце Ојчевски рече за Битола како ракометен град заслужув да гледа елитни ракометни натпревари од овие лиги.

Натпреварите цела сезона ќе се играат во Битола. Во тек се завршните подготовки во спортската сала „Боро Чурлевски“. Осветлувањето и сакацијата на тоалетите под јужната трибина се обезбедени преку донации.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани