2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Константинов свирел во битолски „Комети“

Септември 16, 2019

Големата ѕвезда на македонскиот филм, композиторот Љупчо Константинов додека учел Средно музичко училиште во Битола свиреч во битолскиот бенд „Комети“.Неговиот колега од Битола, композиторот Петар Георгиев-Калица има зачувано фотографија на која Константинов свири соло гитара во бендот, во кој учествувал и неговиот брат Коста Георгиев. Во периодот на шеесеттите години тоа бил најпоуларен бенд во Битола, познат во Македонија, кој често настапувал на гитаријади. 

 

„Kако средношколец во Битола сирев на тромбон во училница со искршени прозорци на минус дваесет степни, а внатре се греевме со ќумбиња на ќумур. Тоа беше целиот наш живот, кино и проби и на школо, школото беше со прозорци искршени, а внатре се топлевме на ќумур. И по цел ден свирев на тромбон. Понекогаш, ќе заминевме од училиште или од некоја проба на кино да гледаме филм. За појадок една година имав три бисквити и чај, дури потоа каснав бурек. Ние многу се трудевме, бевме многу љубопитни и експериментиравме, а денес еден пријател ми вели младите не ги интересираат многу нешта“, се присети Константинов.KONSTANTINOV 2констан

(Констамнтинов со Калица и други поранешни колеги) 

Овој голем македонски композитор е добитник на наградата Голема ѕвезда на македонскиот филм на фестивалот „Браќа Манаки“ во Битола. Тој е автор на музиката на многу филмови, меѓу кои и на култните „Среќна Нова ‘49“ и „Тетовирање“. Денес има 73 години, рече дека не му останува многу време, но дури може ќе твори и ќе се труди да биде што подобар.

Неговиот мастерклас вчера на фестивалот „Браќа Манаки“ наликуваше на меѓугенерациска средба на музичари од Битола. Константинов во 1960-те години учеше средното музичко во Битола, беше втора генерација од отворањето на школото, па дел од битолчаните кои учеа или твореа со него, дојдоа да му честитаат и да се сетат на убавите времиња.

„Ако креираш според вкусот на народот, ништо нема да направиш. Ако креираш според она што народот треба да го чуе или види ќе направиш многу. Денес на младата генерација им е многу лесно. Мене ми беше многу тешко да дојдам до една партитура, ќе одев во музичка библиотека и со месеци чекав, ќе ја земел некој претходно за анализиа, а сега само со едно типкање ќе најдат на интернет. Инаку, јас сум престар за компјутери“, рече композиторот.

Пред да се вљуби во музиката, се вљубил во филмот. Бидејќи татко ми беше од Битола му побарав да ми донесе апарат. Ролните ќе ги ставев во топла вода на масичка со два клинци, ја бришев емулзијата и потоа цртав коцки. На секое квадртче слика. И првиот филм беше цртан директно на лента. Патка како несе јајце. Татко ми виде дека нема да можам многу да учам со тоа и ми го зеде, па гитарата се појави тогаш“, раскажува Константинов.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани