2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Маркетите да се регистрираат за онлајн продажба, земјодлеците активностите да ги пријават во подрчаното одделние, дел од заклучоците на Кризниот штаб

Април 08, 2020

Заклучоци на денешниот состанок Општинскиот кризен штаб 

  1. Се повикуваат сите економски оператори и маркети на територијата на Општина Битола кои се регистрирани за онлајн продажба, дека ќе може да вршат достава на намирници за итни и неодложни потреби за време на полициски час, во деновите сабота и недела. Истите задолжително мора да испратат барање до Кризниот штаб на Општина Битола на следната адреса Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите., најдоцна до петок до 12 часот. Сепак, препорака на Кризниот штаб е граѓаните да ги завршат набавките до петок, пред полицискиот час.
  1. За време на траењето на полицискиот час, дежурна аптека во градот е аптеката Роса Вита БТ (наспроти Уредот) чиј телефонски број е 047 236 468 или мобилен број 070 373 272.
  1. За сите неопходни потреби на граѓаните од делот на земјоделството и сточарството, истите мора да се пријават во подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во текот на денешниот и утрешниот ден. По проценката на нужноста, списоците на лицата на кои ќе им биде дадена дозвола, ќе бидат доставени до СВР Битола и до Општинскиот кризен штаб . Лицата претходно треба да се најават на телефонскиот број 047 237 419, или на мејл адресата на подрачната единица на министерството Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  1. Во случај на потреба за поддршка на стари и изнемоштени лица, лица со пречки во развојот и неподвижни лица, граѓаните може да се обратат на телефонските броеви 047 236 019 и 070 791 770 во Црвениот крст Битола.
  1. Работното време на двата градски пазари, според најновите мерки, е од понеделник до петок од 6-14.30 часот.      

6.Со посебен оперативен план, во сабота ќе се врши дезинфекција на јавните површини во градот. Акцијата ќе биде реализирана од битолските јавни претпријатија, потпомогнати со механизација од населението во руралните средини и рачни пумпи за прскање од РЕК Битола.

Бидејќи бројката на позитивни лица od КОВИД-19 во државата и натаму расте, уште еднаш апелирам до граѓаните, почитувајте ги мерките за полициски час и останете дома. Само така, можеме да излеземе побезболно од оваа ситуација.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани