2win800x200

ПРОМЕНА НА ВОЗНИТЕ РЕДОВИ НА ОПШТИНСКИТЕ ЛИНИИ И РАБОТНОТО ВРЕМЕ НА ОПШТИНА БИТОЛА

Април 07, 2020

Согласно последната измена на Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија, Општина Битола ги известува граѓаните дека во наредниот период од 08.04.2020 година, работното време на општината ќе биде од 08:00 – 14:00 часот. Им се препорачува на граѓаните, за своите барања до општината да се обраќаат електронски преку е - маил адресите објавени на општинската веб страна www.bitola.gov.mk и преку платформата „Пријави проблем“ за прашања од областа на инфраструктура, јавното зеленило, животната средина или други прашања за кои оваа платформа дава можност.

Исто така од 08.04.2020 (среда) возните редови на општинските линии ќе сообраќаат како што следува:

Линијата 1 во понеделник, среда и петок ќе сообраќа со времињата на поаѓање на Д и А ХЕРА ТРАНС во временскиот период од 06:20 до 08:20 часот и од 10:20 до 14:20, a во вторник и четврток ќе сообраќа со времињата на поаѓање на ХЕРА ПРЕВОЗ во временскиот период од 06:00 до 08:00 часот и од 10:00 до 14:00 часот, во спротивната насока. 

Линијата 4 во понеделник, среда и петок ќе сообраќа со времињата на поѓање на ЛУКА ЕКСПРЕС во временскиот период од 06:15 до 08:15 часот и од 10:15 до 14:15 часот, а во вторник и четврток ќе сообраќа со времињата на поаѓање на ТУРИСТ ПРЕВОЗ во временскиот период од 06:00 до 08:00 часот и од 10:00 до 14:00 часот, во спротивната насока. 

Линијата 5 во понеделник, среда и петок ќе сообраќа со времињата на поѓање на ХЕРА ТУРС во временскиот период од 06:15 до 08:30 часот и од 10:00 до 14:30 часот, a во вторник и четврток ќе сообраќа со времињата на поаѓање на ГОПЕШ ТРАНС во временскиот период од 06:00 до 08:15 часот и од 10:30 до 14:15 часот, во спротивната насока.

Линијата 6 ќе сообраќа од понеделник до петок со времињата на поаѓање во временскиот период од 06:00 до 08:00 часот и од 10:00 до 14:00 часот.

Линијата 7 ќе сообраќа од понеделник до петок со времињата на поаѓање од автобуското стојалиште „Јавор“ во 06:10, 07:00 и 13:10.

Линијата 8 ќе сообраќа во вторник и петок со времињата на поаѓање од автобуското стојалиште „Симпо“ во 07:15 и 12:15 часот.

Линиите 10 и 11 ќе сообраќаат во вторник и петок со времињата на поаѓање од автобуското стојалиште „Јавор“ во 05:30 и 11:30 часот.

Линијата 14 ќе сообраќа со времињата на поаѓање од автобуското стојалиште „Симпо“ во 05:55 и 14:30 часот.

Линиите 13 и 15 ќе сообраќаат во вторник и петок со времињата на поаѓање од автобуското стојалиште „Шехерезада“ во 07:00 и 11:30 часот.

При одржувањето на линиите, возилата треба да сообраќаат со преполовен капацитет и со почитување на препорачаното растојание меѓу еден и друг патник.

Патниците задолжително да носат заштитни маски при користењето на јавниот превоз.  Возачите не смеат да примаат во возилата патници без заштитни маски. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани