АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Заклучно со денес во Центарот за јавно здравје во Битола земени се брисови од вкупно 320 лица за КОВИД-19. Од нив, кај 270 се земени по епидемиолошка анкета, а кај 50 лица преку матичните лекари по системот „Мој термин“.
Од вкупниот број на земени брисеви, 256 се за лица со место на живеење во Битола, 45 од Кичево, Ресен и Демир Хисар, и 19 од други градови.
Позитивни резултати за COVID-19 се добиени за 22 лица и тоа во Битола 19, Кичево 2, Демир Хисар 1.
Од вкупниот број потврдени позитивни лица за регионот на ЦЈЗ Битола, едно лице од Кичево е хоспитализирано во болницата ‘’8 ми септември’’ во Скопје.
Вкупно 9 лица по добиени два негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 се регистрирани како оздравени (8 од домашно лекување и 1 хоспитализиран пациенти).
Вкупно 208 лица ставени се под здравствен надзор во траење од 14 дена од контактот со позитивното лице или од враќањето од ризична земја.