2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Се санира урнатиот потпорен ѕид кај "Девеани"

Мај 05, 2020

Постојатното поткопување од атмосферските води и повремените оштетувања, го срушија потпорниот ѕид  на ул. „Девеани“, кој им падна во дворовите на жителите на дел од оваа улица.

 

zid 5

Ваквата состојба ја загрозуваше безбедноста, посебно на децата, затоа што потпорниот ѕид беше вистинска опасност додека тие играат во дворовите. 

zid 7

По реакции на жителите на  терен интервенираа екипите на КЈП „Нискоградба“, кои отпочнаа санација на целиот потпорен ѕид. 

 

zid 2Градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска и директорот на КЈП „Нискоградба“ Методи Силјановски извршија увид на терен, при што констатираа дека со сегашната интервенција се отстранува опасноста, која постоела со години наназад и за жителите и за објектите. 

zid 8

Општина Битола, за санација на потпорниот ѕид на ул. „Девеани“ издвои 914.000 денари

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани