2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

За да не крадат, „Комуналец“ в година ќе подарува цветен расад

Мај 28, 2020

ЈП  „Комуналец“ догодина на битолчани ќе им подарува цветни садници. Од јавното претпријатие се надеваат дека на ваков начин ќе спречат несовесни граѓани да ги крадат цвеќињата со што ги нагрдуваат цветните аранжмани и жардиниерите низ градот.

-Веќе инфомиарвме дека има  несовесни граѓани кои ги крадат овие сдници што ние ги поставуваме и тоа не е мал број. Ако минатата недела реков дека се 700, сега можам да кажам дека се украдени околу 900. Имаме намера веќе од наредната година да го зголемиме производството на ваков расад и да им подаруваме на граѓаните во одредена количина, на оние кои се љубители на цвеќето. Досега низ градот имаме посадено околу 20 лјади цветни садници, од јули продолжуваме со нова бројка, што значи дека Битола ќе има околу 10 месеци цветен расад низ градот, вели Панде Богоевски, директор на ЈП Комуналец-Битола

Исто така, тој посочи дека голем број битолчани побарале од овие цветни садници „“Комуналец да насади пред нивните згради, паркичиња, урбани заедници  и на други локации низ градот

-Деновие имаме наплив од барања од граѓанте вакви цветни садници да поставиме и пред нивните згради. Но морам да им напоменам дека цветниот расад го поставуваме каде имаме систем за наводнување какпка по капка за да може успешно да се спроведува овој проект, рече Богоевски

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани