2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

За развој на Потпелистерието вложени се 64 милиони денари, рече Петровска а Милевски најави дека „Копанки“ ќе го вратат на граѓаните

Септември 10, 2020

При денешната посета на НП Пелистер, градоначалничката Наташа Петровска, рече дека за развој на Потпелистерието вложени се 64 милиони денари, а 50 проценти од инвестициите се реализирани.

– Општинските средства се насочени за колекторскиот систем и пречистителна станица, а со денешниот ребаланс на општинскиот буџет обезбедивме средства за патниот правец на местото викано Црвени Петли до селата Трново и Магарево, со што ќе се подобри патната инфраструктура. Наскоро почнуваат градежните работи за патот кон потпелистерското село Дихово, со што слободно ќе речам од подножјето на планината се движиме нагоре со изградена комунална инфраструктура, затоа што планината е на граѓаните, изјави Петровска.

Министерот за локална самоуправа Горан Милевски, потенцираше дека соработката на Министерството со Општина Битола ќе продолжи и во наредниот период.

-Се надевам дека ќе продолжиме и понатаму и Општина Битола и Министерството за локална самоуправа да инвестираме во НП „Пелистер“. Ќе најдеме простор да го се дорегулираме и пристапот, односно патот, а ќе најдеме начин и да го вратиме во владение на граѓанинте планинарскиот дом „Копанки“, да не е на приватни инвеститори. Се надвема дека Националниот парк ќе може да го користи, а ние ќе дадеме поддршка да се реновира. Се она што е во интерес на  битолчани да инвестираме и да го вратиме во првобитна положба. Навистина не е коректно да се отуѓува имот кој што е на сите граѓани. Заеднички со Петровска ќе инвестиаме во следните 4 години и во Битола и во Националниот парк, додаде министерот Горан Милевски.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани