2win800x200

„А бе го сакам Баирот чист“- тркалезна маса за проблемите и можните решенија

Септември 11, 2020

Околу 1500 жители или 244 објекти во неурбанизираната ромска населба Горен Баир во Битола се со повремен доток на вода, а 500 жители или 88 објекти без вода, покажа истражувањето спроведено во рамки на прокетот „А бе го сакам Баиро чист“ на Регионалното географско друштво „Геосфера“ од Битола во соработка со Центар за еколошка демократија Флорозон и Националната коалиција за животна средина. Добиените податоци беа презентирани денес на тркалезна маса на која учествуваа невладини организации кои се занимаваат со оваа проблематика и јавни претпријатија од градот со цел изнаоѓање на соодветни решенија.

 

„Во последните две години работевме на проектот на легализација во тој дел на Баиро каде што теренот е много тежок, повеќе од 1000 ромски семејства немаат доволно водоснабдување, не е урбанизирана таа населба што е проблем за населението при вадење на лична документација. Хигиената во последно време е подобрена благодарение на Комуналец кој ангажира еден вработен што ја одржува хигиената. Не само битолските Роми, туку генерално на ниво на држваа проблемот и животот на Ромите е на најдолно ниво. Голем број на невработени, а во последно време имајќи и доволен број на образоавние, сепак за жал се уште неадаптирани во системот“, рече Рамадан Рустемов, зменик претседател на Здружението за ромско- турско пријателство од Битола.119201161 379000709773320 8637233003698794214 n

Мите Ристов од „Геосфера“ н денешната тркалезна маса истака дека „ врз основа на извршената анкета луѓето се жалат на комунални проблеми , големи отпадоци, две големи депонии кои го загрозуваат животот. Едната депонија е кај каналот за прифајќање на поројни води, па се доведува во опасност и населбата Бадембалари од евентуални поплави, а од друга страна имаат проблем со водоснабдувањето. Околку 1500 до 2000 жители се засегнати или немаат воопшто вода или имаат во краток период од 2 по полноќ до 6 наутро. Од три улични чешми функционира само една и луѓето се собираат во редици што не е препорачливо во услови а ковид-19“.

За да се реши поблемот со недостиг на вода од „Геосфера“ предлагаат инсталирање на пумпа за вода, а за депониите еко акција. Во сопроведената анкета врз 60 семејства на прашањето каде го фрлаат отпадот, дури половината одговориле на депонија, а 35 проценти насекаде. Смет во контејнер фрлаат само 15 проценти од семејствата вклучени во анкетирањето. Дури и половината како причина за депониите го навеле однесувањето на жителите од населбата, но исто така 65 проценти сметаат дека ќе се реши проблемот со ѓубрето, ако има контејнери и корпи за отпадоци кои јавните претпријатија ќе ги одржуваат. Сепак, во однос на подигањето на отпадот, само 18 прооценти е достапен простор во населбата, а останатата територија е недостапна за организирано собирање на смет како во другите делови од градот. Таму 369 метри од улиците се асфалтирани, а 1591 остануваат неасфалтирани.анкета

Друг еколошки проблем е спалувањето на каблите за да го извадат бакарот и да го препродатат со што заработуваат за леб, а ја загадуваат животната средина.

„Ние предлагаме решение да се враши откуп од јавните претпријатија на оваа гума, со што ќе ги мотивираме жителите да не ги спалуваат каблите за да добијат бакар, туку да го продаваат. Поделивме преку 20 алати за соголување на кабли во населбата. Тие сфаќаат дека е загадување и штетно по здравјето. Но, најголем дел од луѓето таму се невработени и немаат друга можност освен да прават нешто за да добијат средатва за живот“, рече Ристов.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани