АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Согледувајќи ги тешките состојби во кои се наоѓаат дел од улиците во периферијата на општина Битола, Општината започна со санирање на дел од нив. Во таа насока, на улицата „Лавчански пат“ извршено е чистење и тампонирање, со што неодамнешната слика на каллива, тешко проодна улица, денес прикажува една комплетно нова состојба.
Според кажувањето на жителите од овој дел на улицата, првпат после 10 години инсистирање и барање на интервенција од Општината, еден горлив проблем за нив, конечно е решен.
(Лавчански пат пред интервенцијата)
Општина Битола, продолжува со инфраструктурни активности и на други локации, со цел обезбедување подобри услови за живот на сите граѓани.