2win800x200

Шведска донација во Заводот „Кочо Рацин“- Битола

Јануари 24, 2018

Шведската хуманитарна организација  Hand till Hand  темелно ги реновираше трпезаријата и санитарните јазли  во Заводот за деца со оштетен слух и говор  „Кочо Рацин“-Битола, со цел да се подобрат условите  во оваа установа.  

-Соработката на оваа организација со Заводот трае скоро година и пол и за тоа време е реализирана донација во вредност од 100 000 евра, вели Марија Русенгрен претседател на организацијата.

koco racin 5

koco racin 4

 

Во заводот „Кочо Рацин“ има 73 деца од  општини во  цела Македонија, од  кои 40 се интернатски сместени. Голем дел од проблемите Заводот ги решава токму преку вакви донации.

- Овој последен проект со кој што ни го реновираа трпезарискиот дел на Заводот каде што децата се хранат и ги земаат своите оброци и помошните простории кои се многу солидно направени, за одржување на хигиената, што е многу битно за овие деца,  рече Вилма Петревска Анастасова, директор на Заводот за рехабилитација на децата со оштетен слух  и говор. 
koco racin 6
koco racin 3

Како што информираше Марија Русенгрен  и во иднина ќе продолжат со нивната хуманитарна мисија.   Организација  Hand till Hand досега реализираше 5 донации  во  битолската Клиничка болница во висина од 900.000 евра, а ќе продолжат и во иднина. Следен проект на кој  ќе работат е опремување на сензорна соба  за учениците со пречки во развојот  во ОУ „Ѓорѓи Сугарев“ во Битола .

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани