Webp.net gifmaker

Во градинките на "Естреја Овадија Мара" згрижувањето на деца се одвива без проблеми

Октомври 13, 2020

Засега нема проблеми во процесот на згрижување на деца во градинките на ЈОУДГ "Естреја Овадија Мара", ја информирала градоначалничкатa Наташа Петровска, директорката на установата, Лидија Тфирст Митревска. 

Целта на денешната посетата на градоначалничката беше да добие информација околу актуелната состојба на организација во деветте воспитно образовни единици во рамките на оваа јавна установа, во однос на згрижувањето на децата во новонастанатата состојба со КОВИД-19, соопштија од Општина Битола

Директорката Тфирст Митревска посочи дека во градинките се почитуваат сите протоколи, кои се зададени од страна на Министерството за здравство и насоките за одвивање на наставата зададени од страна на Министерството за труд и социјална политика. Групите работат со соодветниот број на деца и наставен кадар, онака како што е наложено во протоколите за работа, без никаков проблем. Постојано, ненајавено, во сите девет објекти се врши инспекциски надзор, а досега инспекциски увид извршиле Државнот санитарен и здравствен инспекторат, Агенцијата за храна и ветеринарство и Државниот инспектор од Министерството за труд и социјална политика, од каде што е дадена одлична оценка за работата на градинките.

Исто така, се разговараше и за тековните работења во градинките во други области, при што градоначалничката Петровска и директорката Тфирст Митревска ги договорија натамошните чекори на преземање на соодветните активности

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2020 АПЛА.мк. Сите права се задржани