2win800x200

Се прави комплетен скрининг на пациентите во геријатриската установа „Сју Рајдер“ во Битола

Ноември 02, 2020

Центарот за јавно здравје започна комплетен скрининг во геријатриската установа „Сју Рајдер„ во Битола, каде коронавирусот е потврден кај 12 пацинети, а можно е бројката на заболени да е уште поголема. Ќе бидат тестирани и вработените, од кои четворица веќе пројавиле симптоми на вирусот.

-Во петокот се појавија првите два случаи , по што на дел од пациентите во саботата беше земен брис и беа потврдени уште 10 позитивни слуачи, што значи вкупно 12. Денес тим од епидемиолошката служба направи увид во сосотојбите во хосписот. Во хосписот се сместени 61 пациент од кои 12 се позитивни, но има и други кои што се со лесни симптоми. Веќе се изолирани во посебни зони, црвена зона, жолта зона, односно по сите прописи. Посебен персонал се грижи за позитивните и суспектните пациенти. Констатирано е дека има доволно дезинфекциони средства, има персонал, има заштитна опрема. Денес се земени уште 17 брисеви, ќе се тестираат сите пацинети. Најпрво ќе се тестираат пациентите, а потоа и вработените, кои имаат симптоми, засега четворица се во изолација.

Поголемиот дел од пациентите во геријатриската установа „Сју Рајдер“ во Битола, се неподвижни. Уште на почетокот на пандемијата, со мерките кои ги препорача Министерството за здравство, влезот во „Сју Рајдер“ во Битола е забранет за сите надворешни лица, а немаат пристап ниту членовите на потесните семејтства на пациентите., па неизвесно е како вирусот влегол во хосписот.

-Според првите претпоставки, кои ќе видиме дали ќе се потврдат, најверојтано е некој од вработените. Пациентите се неподвижни, нема посета, па најверојатно е некој од вработените. Тоа е претпоставка ќе видием дали ќе се потврди, вели Крстевска.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани