2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Повеќе од половина од вкупниот број позитивни во Битола се заразиле во последните две недели

Ноември 11, 2020

Вкупниот број на заболени  во Битола од почетокот на кризата до 8 ноември изнесува 1054, а на починати 34. За една недела од 2 до 8 ноември се заразиле 343 битолчани, а во последните две недели 639, се наведува во неделниот извештај на Институтот за јавно здравје. Во овој период во Битола се регистрирани 518 активни случаи, а починале 11 лица

Во цела држава, пак, бројот на заболени е поголем за 25,5 проценти во однос на претходната недела.

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60- 21,2% . Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 30-39 год- 19,9%, 40-49 -19,3%, 50-59 - 19,2% и 20-29 -15,0%. Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 1,6% и 10-19 години 3,5%.

Во однос на дистрибуцијата по пол, регистрирани се 20.666 машки и 19.609 женски лица. Возраста на заболените се движи од 0 до 99 години (просек – 44 години).

Пријавени се 127 смртни случаи од 22 града, што е зголемување од 41,1% во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 94 лица биле над 60 години, 19 лица на возраст од 50-59 години, 9 смртни случаи се пријавени од возрасната група 40-49 години, четири случаи во возрасната група од 30-39 години и еден случај  на возраст 20-29 години. Од смртните случаи, епидемиолошки се истражени 120 или 94%.

tab1

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани