2win800x200

Во Битола се случува нешто неверојатно-експоненцијален раст со забрзано темпо, анализира проф. д-р Дејан Трајковски за зголемениот број на заболени од коронавирусот

Ноември 08, 2020

Во Битола се случува нешто неверојатно. Не само што имаме експоненцијален раст на бројот на нови случаи, туку и темпото на тој експоненцијален раст дополнително забрзува, вели проф.д-р Дејан Трајковски од Техничкиот факултет во Битола во  својата статистичка анализа

-Ова најдобро се гледа ако го следиме вкупниот број на дијагностицирани во логаритамски координати (на првиот дијаграм) - дуплирањето е сé побрзо и побрзо. Кај класичниот експоненцијален раст би требало да имаме права линија (црвената линија на првиот дијаграм), но сега имаме дури и тука забрзување чиј крај не се гледа. 

FB IMG 1604842787339

Бројот на денови потребен за дуплирање драматично се скратува, без наговестување за скоро сопирање на овој тренд (на вториот дијаграм). Дали поради досегашното релативно добро справување со епидемијата граѓаните премногу се опуштија или пак поради нискиот процент на населението кое ја прележало болеста (ниска кумулативна инциденца, т.е. ниска „прокуженост“) отсуствува било каков колективен имунитет, во секој случај корона вирусот тука си најде идеална средина за ширење. Во слична ситуација се наоѓаат и Кратово, Крушево, Неготино, Струмица и Велес, градови со малку случаи во првите два налети на епидемијата.

FB IMG 1604842792173

 
Работата дефинитивно е надвор од контрола и на Битола и е потребна интервенција дури и повеќе отколку на другите градови со висока кумулативна инциденца (особено Штип и Свети Николе, а по малку Куманово и Гостивар) каде веќе се забележува извесен колективен имунитет и третиот налет на епидемијата е помалку изразен отколку претходните два.

FB IMG 1604842797255

 
 
Она што можеме самите да го направиме е да се однесуваме исто како да имаме прогласен полициски час од 18 до 5 часот. Само со намалување на контактите може да се прекине верижното заразување и да престане експоненцијалниот раст.
 
 FB IMG 1604842801625

 
 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани