2win800x200

Битолски театар-Среќен 76ти роденден младичу!

Ноември 14, 2020

 

На денешен ден 1944 година почна со работа професионалниот театар во Битола, а за публиката во овој град беше изведена едночинката на Владо Малески –„Петтоимениот Ѓоре“. Годинава одбележувањето на роденденот изостана поради ситуација со Ковид-19. 
-Денов пред години бевме во Санта Барбара, лани во Пекинг... многу пати физички спречени лично да го честитаме роденденот на нашиот сакан театар. Но никогаш како досега, толку блиску, а толку далеку... Ова не треба да биде никакво оправдување, можеби можевме повеќе, поинаку, некако... Стравот никогаш не бил сојузник на уметноста, ниту пак одлика на луѓето кои работат во Битолски. Но...
Театарот низ времето преживеа многу премрежја, ќе го преживее и ова. Тоа што нема да го убие, се надеваме дека ќе го профилира уште повеќе, ќе го отвори и ќе му даде гласност... Денес сите кои оставиле/оставаат дел од себе таму, сите кои го сакате Битолски, сите кои ја цените нашата работа и го "трпите" нашето отсуство, кренете ги чашите во наше заедничко здравје и за што поскоро враќање на вистинското место. Да живее театарот, да живее Битолски.
Нека ти е среќен 76тиот роденден младичу, пишуваат на својата Фејсбук страница од НТБ .
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани