На денешен ден е роден Дојчин АПЧЕВСКИ, учесник во НОБ

Ноември 15, 2020

На денешен ден – 15 НОЕМВРИ 1923,  во селото Долно Агларци, Битолско, е роден Дојчин АПЧЕВСКИприпадник на македонското националноослободително и комунистичко движење и учесник во Антифашистичката војна во Вардарскиот дел на Македонија, општественик и политичар.

Во редовите на југословенската комунистичка младина (СКОЈ) е член од пред Втората светска војна. Со нападот и окупацијата на Вардарскиот дел на Македонија стана активен организатор на антиокупаторската борба и учествува во акциите за прибирање оружје од распаднатата кралска армија. Особено активен е во собирањето на „црвена помош“ и контакти и снабдување на политзатворениците во битолскиот затвор.

Во 1942 година бугарската полиција двапати го апси, заедно со други раководителите на СКОЈ во битолската гимназија, но поради недостаток на докази дватапати е ослободен, но исклучен „од сите училишта во Царството“. Од 1943 година е член на Комунистичката партија на Македонија. Од 1943 година е припадник на партизанските единици, каде нешто подоцна стана политички комесар на баталјон.

По ослободувањето на земјата од фашистичките окупатори е мајор на ЈНА. Заврши Правен факултет, а беше и истакнат општествен и политички работник во Битола и пратеник во Републичкиот собор на Собранието на СРМ.

Член-основач на Друштвото за наука и уметност во Битола (денес Македонско научно друштво) и негов претседател во периодот 1963-1965 година.

Активен член е во Сојузот на борци од НОАВМ во Битола.

Носител на поголем број ордени и признанија, меѓу кои и: Орден за храброст, Орден братство единство, Орден на Републиката и Орден заслуги за народ (трет ред).

Живее во Битола.

 

Подготвил: д-р Александар Литовски, историчар

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани