2win800x200

Фељтон-БУГАРИЈА ВО ВТОРАТА СВЕТСКА ВОЈНА | ОКУПАЦИЈАТА НА МАКЕДОНИЈА (1) Горчливото наследство од Берлинскиот конгрес(пренесено од Независен.мк)

Ноември 27, 2020

 

Независен.мк  започнува со објавување на фељтон на тема БУГАРИЈА ВО ВТОРАТА СВЕТСКА ВОЈНА | ОКУПАЦИЈАТА НА МАКЕДОНИЈА (1) преку Апла.мк ви го пренесуваме првиот дел од фељтонот.

Линк до фељтонот

Многу вистини, полувистини, лаги, гнев, па и омраза, дотекоа од Бугарија и Македонија последниве два месеци откако стана јасно дека официјалните власти во Софија ќе го блокираат утврдувањето на преговарачката рамка за нашата земја во ЕУ и со тоа ефективно ќе го попречат почнувањето на преговорите. Целата оваа врева дополнително ја засили лавината реакции по интервјуто на премиерот Зоран Заев за бугарската агенција Бгнес. Од многу бугарски историчари и политичари упорно се пропагира тезата дека од април 1941 до септември 1944 година бугарските власти по налог на Хитлер само ја администрирале макаедонската територија, заедно со големи делови од јужна Србија и целиот простор од сегашна и тогашна северна Грција, од Солун кон турската граница, со излез на Егејското Море (или како што тогаш Бугарите го нарекуваа – Беломорието).

„Независен“ во наредните денови ќе објави фељтон за ситуацијата во Бугарија пред и во Втората светска војна кој содржи извадоци од книгата на американскиот историчар Маршал Ли Милер – „Бугарија за време на Втората светска војна“. Книгата е издадена релативно одамна, во 1975 година, а издавач е познатиот Универзитет Стенфорд од Калифорнија.

Оваa книга исцрпно и неутрално со очите на еден Американец и со документи од многу тајни архиви и лични сведоштва опишува што се случувало во Бугарија од септември 1939 до септември 1944 година, до капитулацијата на профашистичката влада во Софија. Во неа се објаснети сите настани поврзани со Бугарија во Втората светска војна: од кризата за Добруџа, приклучувањето на Софија кон Силите на Оската, операцијата „Марита“, окупацијата на Македонија, депортациите на Евреите од окупираните територии, смрта на царот Борис… Поголемиот дел од оваа книга содржи познати работи, но синтетички систематизирани според узансите на американската историографија, без многу китење. Но за македонската јавност може да биде исклучително интересна како потсетување за она што се случуваше на овие простори и во Бугарија за време на најмрачниот период на човештвото. Во неа се сместени работи и документи, кои, веруваме, ќе бидат добредојдени за подобро разбирање и во македонската и во бугарската јавност во ова време на голема недоверба. Книгата сѐ уште може да се купи преку „Амазон“ и за неа уште се пишуваат соодветни коментари.

Линк до фељтонот.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани