2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

ОУ „Коле Канински“ - Битола сними документарен филм за подрачното училиште и селото Буково

Декември 14, 2020

Основното училиште „Коле Канински“ - Битола во соработка со организацијата „Отворете ги прозорците“ и ФОД - Битола, сними документарен филм за подрачното училиште во село Буково. Документарецот, насловен „За сите деца“ е посветен на самото село и подрачното училиште во него.

Целите на проектот беа поддршка на учениците со посебни образовни потреби, учениците со потешкотии во учењето и учениците од ранливите групи.

„Коле Канински“ од мај 2020 година стана дел од проектот „Инклузија на деца со посебни образовни потреби, во организација на „Отворете ги прозорците“. Организацијата одржа дводневна обука во училиштето што е од големо значење за стручните соработници и наставниците. Преку обуката, наставниците и инклузивниот тим на чело со д-р Аница Златевска, психолог во училиштето, добија стручна поддршка за работење со учениците со посебни образовни потреби.

Директорот Зоран Мирчевски, заменик-директорката Лидија Недановска и раководителката на подрачното училиште „Коле Канински“ во Буково, Ивона Вељаноска, заедно со наставниците од подрачното училиште стојат зад документарецот „За сите деца“. Како што вели Вељаноска, без здружени сили не би била можна реализација на проектот.

- Би сакала да им се заблагодарам на сите наставници од подрачното училиште во Буково кои вложија голем напор за она што го имавме замислено да биде реализирано. Документарецот не би бил возможен доколку немавме заемна соработка. Работевме исклучително напорно, меѓутоа сето тоа се исплати. Документарецот одлично го прикажува нашето училиште и предизвиците со кои секојдневно се соочуваме и како наставници и како педагози - вели раководителката на подрачното училиште, Ивона Вељаноска.

- Особено би сакала да му се заблагодарам на наставникот по физичко воспитание, Томе Влашевски, чија продукција стои зад документарецот - додава Вељаноска.

Со средствата добиени од проектот  ќе се реновираат внатрешните скали во подрачното училиште.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани