АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Кои се најзагадените населби во Битола, кои се причините за аерозагадувањето? Какви адаптирани мерки се предлагаат за намалување на аерозагадувањето во Битола,ова се само дел од темите кои јавно ќе бидат презентирани пред битолчани после имплементацијата на активностите на Регионалното географско друштво ГЕОСФЕРА - Битола, во рамките на проектот „Сликај, постирај, алармирај“ поддржан од Цивика мобилитас. Настанот „РАЗБУДЕТЕ ЈА ЕКО-СВЕСТА ВО СЕБЕ“ е закажан за 24 февруари во хотел Театар, Битола, со почеток во 12 часот, на кој ќе се изврши презентација на резултатите од мониторирањето на аерозагадувањето во Битола.
Главни активности кои беа реализирани во рамките на проектот се: - идентификување на аерозагадувачите во град Битола,- постирање на истите на нашата Facebook страница „Сликај,постирај, алармирај“,- изработка на интерактивна карта на аерозагадувачи на Google Maps,- спроведени мерења на моменталните концентрации на ПМ честички низ градот и изработка на дигитални карти за просторната дистрибуција на аерозагадувањето, - изработка на предлог мерки за намалување на аерозагадувањето.