2win800x200

Збогум на пожарникарскиот строј му кажа командирот на Битолската пожарна по над 6000 изгаснати пожари

Февруари 23, 2021

За пожарникар потребно е срце и голема љубов кон професијата, вели командирот на Територијалната противпожарна единица од Битола Костадин Поповски, кој по 39-годишен работен век на полето на заштитата на граѓаните и 12 години на челното место во Пожарната заминува во пензија. На прашањето како може да се гаи љубов кон една од најопасните професии, тој ни одговори: „Треба храброст. Не секој се одлучува да биде пожарникар затоа имаме 700 пожарникари во земјава, а 170.000 административци“.

 

 

„Во овие 12 и пол години од 2008, сум учествувал во просек на 500 пожари во годината (околу 6.000 вкупно). Од сите нив како покарактеристичен опасен пожар во Битолско беше оној во Националниот парк Пелистер на Баба Планина. Го запаметив како најстраотен, најопасен. Сум учествувал директно, заедно со моите пожарникари или како што ги нарекувам моите деца. На прва борбена линија заедно со нив, никогаш не беа сами оставени“, вели Поповски.

огаш за влакно беше спасен Пелистер од катастрофални последици. Огнот гореше три дена, започна од планинското село Ротино и навлезе во паркот, низ стрмен, непрооден терен. Во гаснењето беа вклучени 500 лица од различни институции и ер-трактори. Огнот тогаш проголта 400 хектари борова и млада моликова шума, пасишта и нискостеблеста вегетација.

  

„Опасен беше и пожарот на Кајмакчалан, кој беснееше во еден од најризичните предели каде имаше останати голем број на неексплодирани убиствени средства од Првата светска војна. Поради тоа операцијата на гаснење на терен беше многу тешка, а пожарот префрли и во Грција“, се сеќава Поповски.

Тогаш постоеја сомнежи дека причинител е човечки фактор, зашто пожарот се појави на 1.280 метри надморска височина и се ширеше кон долу. Поповски учествуваше и во акциите за гаснење на огнот во школото во Долно Српци, планинарскиот дом Копанки, студентскиот дом „Пелагонија Комерц“ кој се гаснеше со кран за градење згради односно бетонска пумпа, многу пожари на отворено, меѓу кои и оној од 2010 година кога изгореа околните ридови во Битола од 3.500 хектари.

„Моја желба кога дојдов како командир на единицата беше да работи по европски терк, но за жал, во земјава потребно е многу повеќе да се вложува во пожарникарството. Пожарникарите се деца на двајца татковци. Командува и раководи државата со закони и регулатива, а пак Општините треба да се грижат за нив, а повеќето се сиромашни во земјава, немаат многу финансиски средства, а имаат и многу други суштински потреби на граѓаните“, вели Поповски.

На младите пожарникари им порачува да бидат храбри, да си ја сакаат професијата и да вложуваат самите во себе, да бидат психофизички подготвени за предизвиците. Истакнува дека првостепена заштита на граѓаните е пожарникарот.

Иако заминува од државната служба, сепак Поповски нема да ја напушти битката со огнот. Продолжува со ангажманот во единствениот Центар за обука на професионални пожарникари во Македонија „Пегаз Еду“ кој сега има седиште во Бистрица, а е опремен по европски стандарди и прописи.

Извор : https://sdk.mk/index.php/magazin/treba-hrabrost-za-pozharnikar-zatoa-sme-700-kolegi-a-ima-170-000-administrativtsi-veli-komandirot-na-bitolskata-pozharna-popovski-koj-se-penzionira-po-6-000-izgasnati-pozhari/

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани