2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Шекспир, Брехт, Нушиќ годинава на сцената на Битолскиот Театар, поддржана претстава и на независниот “Интимен театар“

Февруари 25, 2021

Битолскиот театар годинава од Министерството за култура доби поддршка за 4 премиери и еден фестивал. На сцената оваа година ќе бидат поставени претстави според  делата Шекспир, Брехт,  Нушиќ. 

Најмногу пари 1,2 милиони денари добива  претставата „History of mother fuckers“ - според Вилијам Шекспир,во режија Андраш Урбан. На сцената, по долго време ќе биде поставен и Нушиќ, со неговот „Сомнително лице“ а во режија Деан Дамјановски за што се издвоени 1 милион денари, а „ „Баал“ на Бертолд Брехт во режија Васил Христов, од Министерството за култура доби 900 илјади денари. 800 илјади денари буџет има за преставата „Патувачки театар Шопаловиќ“ на Лубомир Симовиќ, која ќе ја режија Љупчо Ѓорѓиевски. Министерството за култура со 1 милион денари го поддржува и осмото издание на „Шекспир фестивалот“ .

За Народнито театар од Битола одобрена е и инвестиција од 350.000 денари за клими за греење и ладење

Министерството за култура одбри и пари за независната театарска сцена. „Интимениот театар“ добива 433 илјади денари за претстава „Леонс и Лена“ од Георг Бихнер, во режија Софија Ристевска Петрушева

. Меѓу поголемите поддржани проекти на Центарот за култура се Фестивалот на музика од светот со 350.000 денари, 23. Фестивал на монодрама со 400 илјади и други изложби и настани, а со половина милион денари ќе се оспособува и системот за известување при пожар.

Библиотеката „Св. Климент Охридски“ доби најмногу средства за збогатување на книжниот фонд и за мултифункционална читална.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани