АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Дворот на ученичкиот дом „Мирка Гинова“-Битола, доби дваесеттина садници од бор во рамките на акцијата на ЈП „Коминалец“ - „За зелена Битола“. Слободните зелени површини според претходно направени планови ќе бидат засадени со нови садници. Наскоро се очекува борчиња да бидат засадени и во паркот кај Офицерскиот дом во Битола и паркот во близина на ОУ „Стив Наумов“, на влезовите на Битола како и на други локации. По ова ќе следува и холтикултурно уредување на парковите и поставување на клупи и урбана опрема.