АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
„Вода за сите“ е насловена едукативнaта трибина на ОУ „Гоце Делчев“-Битола која ќе се одржи во среда во 17 и 30 часот во малата сала на Центарот за култура во Битола. Организатор на трибината е ЕКО одборот на ОУ „Гоце Делчев“, а целна група се ученици од сите основни училишта во градот. Предавачи ќе бидат претставници на ЈКП „Водовод“ –Битола, како и стручни лица од Центарот за јавно здравје. Оваа година акцентот по повод Светскиот ден на водата е ставен на најмладите, на учениците со цел да се подигне свеста кај нив за значењето на водата и пред се за рационално трошење на водните ресурси со кои располагаме како држава.