2win800x200

ОУ „Гоце Делчев“ го одбележа 22 Март-Светскиот ден за заштита на водите и деновите на екологијата

Март 21, 2018

22 Март-Светскиот ден за заштита на водите и деновите на екологијата,вечерва ОУ „Гоце Делчев“ од Битола, во малата сала на Центарот за култура, го одбележа со едукатива трибина која е дел од проектот „Меѓуетничка интеграција на младите во образованието“. Аплицирано е за мал и голем грант, а овие еколошки активности се дел од малиот грант.

-Преку овие активности сакаме да го прикажеме младиот човек како директен учесник во подигањето на еколошката свест и важноста на водата  за сите нас без разлика на полот, расата, верата, етничката припадност. Водата ни е неопходна за се' што правиме во животот. Мораме да почнеме да се грижиме за нашите води од било кога досега, рече директорката на ОУ „Гоце Делчев“–Битола, Зара Дамјанова.

 

Претставниците од ЈКП „Водовод“ сликовито, но во исто време темелно и стручно им го објаснија на просутните патот на водата од природата до нашите домови.  received 218779518859302

-Добивањето на водата во градот Битола не е така едноставно како што некои тоа го замислуваат, дека реката тече и водата преку цевки се носи во домовите, напротив тоа е комплексен процес. Битола се снабдува со вода од три извори од Пелистер,преку зафати се слеваат во Филтерницата каде по третирањето водата се носи технолошки исправна до нашите домови, рече Горан Козаров, директор на ЈКП „Водовод“ Битола.received 218779492192638

Лела Ацевска, специјалист по санитарна хемија, вработена во ЈКП „Воодвод“, пак рече дека секоја вода не е вода за пиење додека не помине низ технолошки процес, бидејќи само  0,0001 отсто од вкупната вода на земјината топка е исправна вода за пиење. Во нејзината анализа таа детално го објасни  процесот на третирање на водата во ЈКП „Водовод“, посочувајќи дека безбедноста и исправноста на водата се пред се’.

Примариус доктор Лилјана Милевска од Центарот за јавно здравје во Битола од отсекот за здравствено воспитување, потенцираше дека загадувањето на водата е најголемата злоупотреба на водата.

-Центарот за јавно здравје ги следи заболувањата поврзани со водата на оваа територија, така што од 2002 до 2017 година и пред тоа може да се каже дека битолчани имаа исправна и безбедна вода за пиење. Всушност 97,3 посто од водата од градскиот водовод  е безбедна за пиење, вклучувајќи ја и флашираната вода, тоа го покажуваат и хемиските и бактериолошките анализи. Водата е безбедна и во 19 села околу Битола, рече Милевска.received 218779512192636

Аријана Зенуни и Адам Стојановски ученици од IX одд. членови во еко одборот и во хемиско – биолошката секција во училиштето, на македонски и албански јазик направија презентација за водата во контекст на тоа како училиштето одговара на барањата на проектот Еко училиште и проектот МИМО.

-Ние сме ЕКО училиште наградено со статус Зелено знаме, за да ја добиеме оваа награда реализираме многубројни еко активности за подигање на еколошката свест, а притоа учениците развиваат вештини за комуникација и за соработка што се потребни за меѓусебна интеракција, интеракција со наставниците, родителите и други возрасни лица од различни етнички заедници. Градат вредности за меѓуетничка интегрираност во мултикултурно општество, рече Биљана Стојковска, координатор, претседател на ЕКО одборот во ОУ „Гоце Делчев“ –Битола.  received 218779478859306

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани