2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Избрани најдобрите ученици поети и оратори на конкурсот „Чист воздух за сите“

Март 29, 2018

На литературната и ораторската средба што вчера се одржа во НУУБ „Св.Климент Охридски“ во Битола беа избрани најдобрите поетски творби и ораторски настапи од ученици кои се пријавија на конкурсот „Чист воздух за сите“. Конкурсот беше во организација на ОУ „Св. Климент Охридски“ и НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола, по повод одбележувањето на Месецот на екологијата.

 

Од Библиотеката соопштија дека по објавениот конкурс за поезија пристигнаа над 30 литературни творби на тема „Чист воздух за сите“. Најдобрите беа наградени со книги и дипломи, додека сите ментори и учесници добија благодарници за учеството.

Комисијата во состав проф. д-р Виолета Јанушева од Педагошкиот факултет – Битола, Илче Стојановски – претставник од НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола и Соња Петровска – наставник од ОУ „Св. Климент Охридски“ – Битола одлучија во категоријата учесници од четвро и петто одделение да бидат наградени:

  • Прва награда за Андреа Николовска –V одделние од ОУ „Еплида Караманди“ – Битола, ментор Јасмина Танчевска
  • Двете втори награди им припаднаа на Наталија Рокановска, V одделение ОУ „Св.Кирил и Методиј“ с. Логоварди – Битола, ментор Жаклина Веловска и Сандра Белевска, IV одделениe од ОУ „Св.Климент Охридски“ – Битола, ментор Љубица Ширановиќ
  • Трета наград и припадна на ученичката Маријана Велеска, IV одделение од ОУ „Коле Канински“ – Битола, ментор Ирена Богданоска.

За успешни творби беа наградени Лела Стојановска, V одделние од ОУ „Св.Климент Охридски“ – Битола, ментор Јасна Ј. Гулевски и Стефан Ќебаковски, V одделение од ОУ „Св.Кирил и Методиј“ – с. Логоварди – Битола, ментор Жаклина Веловска.

Во категоријата на ученици од шесто до деветто одделние:

  • Првата награда и припадна на Христина Костовска, IX одделение од ОУ “Стив Наумов“ – Битола, ментор Христина Мијалчева
  • Две втори награди и тоа за Ѓеоргина Христовска, VII одделние од ОУ “Даме Груев“ Битола, ментор Билјана Герас и Зорица Симјановска, VIII одделение од ОУ „Стив Наумов“ – Битола, ментор Ана Динковска – Божиновска
  • Две трети награда им припаднаа на учениците Ева Јанкулоска, VIII одделение од ОУ „Стив Наумов“ – Битола, ментор Магдалена Сајкова и Антониа Цветановска, VI одделение при ОУ „Гоце Делчев“ – Битола, ментор Емилија Прчкова.29852668 10155258373096674 640093624 n

После настанот на учесниците со поетски творби, следуваше настапот на ораторите, при што комисијата во состав: проф. д-р Билјана Граматковски од Педагошкиот факултет – Битола, Илче Стојановски – претставник од НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола и Соња Петровска – наставник од ОУ „Св. Климент Охридски“ – Битола ги избера најдобрите тројца оратори и тоа:

  • прва награда и припадна на Теодора Јовчевска, VII одделение при ОУ „Св.Климент Охридски“ – Битола, ментор Маргарита Поповска
  • втора награда – Андреја Ристевска, VIII одделение при ОУ „Стив Наумов“ – Битола, ментор Магдалена Сајкова и
  • третата награда отиде во рацете на ученичката Ана Долевска, VIII одделение при ОУ „Д-р Трифун Пановски“ – Битола, ментор Робертина Герасовска Петровска.

„Треба да се напомене дека сите поетски творби беа со посебен квалитет, при што оставија впечаток. Во најмладите гледаме знаење, свест и дарба за поголем исчекор во поетскиот израз, да внесуваат иновации и креативност во своите творби на одредената тема“, беше истакнато на средбата.29745541 10155258372536674 2073144770 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани