АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Филмската критичарка и новинарка Евгенија Теодосиевска е новата директорка на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ во Битола. Вака било одлучено на денешното изборно собрание на Друштвото на филмски работници на Македонија што се одржа во Скопје.
Теодосиевска која до лани беше уметнички директор на фестивалот и селектор на документарната програма, сега застанува на чело на оваа реномирана и интернационална манифестација. Таа доаѓа на местото на Благој Куновски-Доре, кој беше и главен селектор на програмата во официјална конкуренција, но минатата година за време на фестивалот му се влоши здравјето и замина од Битола пред да се спуштат завестите на „Браќа Манаки“. Тодосиевска има мандат од две години да го води фестивалот. За ова место конкурирала и актерката Лабина Митевска, која во два мандати веќе го водеше фестивалот, но мнозинството гласаше за Теодосиевска.
На изборното собрание со акламација за претседател на Друштвото на филмски работници на Македонија беше избран Игор Иванов-Изи, сценарист и режисер и долгогодишен член на ДФРМ. Тој ќе го предводи Друштвото во следните четири години.