2win800x200

Манипулација е дека 5.000 смртни случаи во САД се директно поврзани со вакцините против ковид-19

Јули 26, 2021

Оваа Фејсбук објава којашто е дел од антиваксерската кампања, ги наведува читателите да веруваат дека навистина 5.000 луѓе починале само затоа што се вакцинирале, што не е точно. Ова претставува намерна манипулација и одвраќање на населението од процесот на имунизација, кој засега е единственото решение против заболување, тешки последици и смрт предизвикана од коронавирусот. Оваа бројка за 5.000 починати лица како резултат на вакцинирањето е извадена од ВАЕРС (VAERS) американскиот систем за пријавување на несакани настани за вакцини. ВАЕРС е систем каде што се пријавуваат можни безбедносни проблеми со одобрените вакцини во САД. ФДА бара од давателите на здравствени услуги да пријават каква било смрт по вакцинацијата против ковид-19 на ВАЕРС, дури и ако не е јасно дали вакцината била причината. Достапните клинички информации, кои се испитуваат откако ќе почине некој, вклучително и посмртници, обдукции, како и медицинска евиденција, не утврдуваат каузална врска на смртта со вакцините против ковид-19

Фејсбук објава тврди дека вакцините за шест месеци предизвикале смрт кај 5.000 лица и дека ниеден друг продукт што убива толку лица не би останал на пазарот.

Ниеден продукт кој за 6 мес. би убил 5000 и повредил 300 000 не би останал на пазарот. Зошто тогаш ваксајната останува?

 

Што навистина велат бројките?

Оваа објава прави манипулација со бројките коишто ги презентира, бидејќи им недостасува контекст. Прво, не е јасно за која земја се однесува оваа бројка, ниту, пак, како е дојдено до овие податоци. Не е понуден ниту еден доказ дека ова тврдење е навистина точно.

Оваа бројка за 5.000 починати лица како резултат на вакцинирањето е извадена од ВАЕРС (VAERS) американскиот систем за пријавување на несакани настани за вакцини. ВАЕРС е систем каде што се пријавуваат можни безбедносни проблеми со одобрените вакцини во САД. Со ВАЕРС соработуваат Центарот за контрола и превенција на болести (CDC) и Администрацијата за храна и лекови на САД (FDA).

Она што е важно да се знае за овој систем, кој често се цитира во разни медиумски објави и постови на социјални мрежи, е дека е пасивен систем за известување. ВАЕРС се потпира на извештаи од здравствени работници како и од поединци и не е направен да утврди прецизно дали вакцината предизвикала здравствен проблем. ВАЕРС прифаќа извештаи за сите несакани ситуации што се случуваат по вакцинирањето, дури и ако не е јасно дека вакцината го предизвикала проблемот и била причина за смртта. Здравствените работници се должни во овој систем да ги пријавуваат сите смртни случаи кои се случуваат откако некоја личност ќе се вакцинира.

Па, така, во САД 5.000 смртни случаи во период од шест месеци навистина се случиле по вакцинирањето, но тоа не значи дека сите овие смртни случаи се директно поврзани со вакцината.

Тоа значи дека доколку вакцинирано лице се удави, почине во сообраќајна несреќа или од струен удар, нивната смрт мора да биде пријавена во ВАЕРС како неповолен настан. А бидејќи во САД целосно се вакцинирани се повеќе од 150 милини луѓе (45% од населението) има и многу смртни случаи, но тоа не значи дека причина за тоа е вакцината.

Официјалните податоци на Центарот за контрола и превенција на болести на САД велат дека смрт по вакцинирањето против ковид-19 ретко се случува. Повеќе од 310 милиони дози на вакцини против ковид-19 биле администрирани во САД, од 14 декември 2020 година до 14 јуни 2021 година. За тоа време, ВАЕРС добил 5.343 извештаи за смрт што претставува 0.0017% од вакцинираните со ковид-19 вакцина. ФДА бара од давателите на здравствени услуги да пријават каква било смрт по вакцинацијата против ковид-19 на ВАЕРС, дури и ако не е јасно дали вакцината била причината. Достапните клинички информации, кои се испитуваат откако ќе почине некој, вклучително и посмртници, обдукции, како и медицинска евиденција, не утврдуваат каузална врска на смртта со вакцините против ковид-19.

Што без вакцините?

Бројката на смртни случаи, кои наводно се случиле по вакцинирањето, е неспоредлва со бројот на потврдени починати од ковид-19.

Податоците на Институт Џон Хопкинс покажуваат дека во САД, бројот на почнати лица од ковид-19 достигна 600.000 лица – најмногу од која било која во светот. САД, исто така, е на највисоко ниво според вкупниот број на регистрирани случаи, со скоро 33,5 милиони инфекции досега.

Вирусот е вистински, постои, се шири брзо и е смртоносен за многу луѓе. Засега единствениот начин на заштита е процесот на вакцинирање.

Оваа Фејсбук објава, која е дел од антиваксерската кампања, ги наведува читателите да веруваат дека навистина 5.000 луѓе починале само затоа што се вакцинирале, што не е точно. Ова претставува намерна манипулација и одвраќање на населението од процесот на имунизација кој засега е единственото решение против заболување, тешки последици и смрт предизвикана од коронавирусот.

Сите коментари и забелешки поврзани со овој и другите написи на Вистиномер, барањата за корекции и појаснувања, како и предлозите за проверка на изјавите на политичарите и ветувањата на политичките партии, можете да ги доставите преку овој формулар


Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани