В сабота во битолската библиотека промоција на книга „Чудесните светови на Алиса“

Април 12, 2018

Националната Установа Универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“ -Битола и Мерсиха Исмајлоска, Ве покануваат на промоцијата на книга „Чудесните светови на Алиса“ во издание на Вермилион која ги обработува книгите „Алиса во земјата на чудата“ и „Алиса во светот на огледалото“ од Луис Карол и нивните интерпретации во визуелните уметности и воопшто во културата.



-Ве очекуваме со чај и колачиња, промоцијата е на ден 14.04.2018,(сабота) во просториите на библиотеката, со почеток во 12 часот, повикуваат организаторите

Промотори на книгата е проф. д-р Даниела Андоновска - Трајковска.

Драматизација на текстот ќе подготват учениците од ОУ „Даме Груев“ - Битола под менторство на наставничката Нела Неделковска.

Модератор на настанот Божидар Николовски.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани